Ширум Југославија на денешен ден го прославуваше роденденот на Тито. Се славеше како Ден на Младоста.
Песната “Тито е наше сонце“ премиерно е изведена на роденденот на Тито 25. мај 1979 година на стадионот ЈНА.
Сега со истата парола “Ние сме Титови и Тито е наш“ го посетуваат неговиот гроб и родното место потсетувајќи се на некогашната држава.
Куќата на цвеќето во Белград и родното место Кумровец во Хрватска редовно се посетува секој 25. мај од бројни почитувачи на ликот на некогашниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито и идеите на социјализмот од регионот.
Инаку, Музејот на Југославија во Белград како и секоја година на Ден младоста овозможува, бесплатен влез во период од 10 до 21 часот, каде што е подготвена програма која претставува осврт на некогашниот југословенски празник Ден на младоста , од различни перспективи.