Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ објави дека ќе го затвори Интернет Експлорер следната година и се ќе стави на „Edge “ за да се обиде да ја загрози врвната позиција на Гугл Хром.

Интернет експлорерот е лансиран во 1995 година и доминираше на пазарот на пребарувачи повеќе од 10 години, спакуван во Виндоус, кој клиентите често го добиваа инсталиран на новите компјутери.

Пред две децении, Мајкрософт се најде на обвинителна клупа поради тој пакет, а американски судија пресуди дека компанијата ги прекршила правилата за конкуренција.

Мајкрософт ја обжали пресудата, но повисокиот суд ја потврди, а компанијата продолжи да го инсталира Интернет експлорерот на Виндоус, забележува Ројтерс.

Кон крајот на 2000-тите, позицијата на Internet Explorer беше загрозена од Google’s Chrome, а пребарувачот на Microsoft стана предмет на безброј мемиња кои ја исмеваа неговата бавност во споредба со конкуренцијата.

За да се спротивстави на конкуренцијата, Microsoft го претстави прелистувачот „Edge “ во 2015 година, кој ја користи истата технологија како Google’s Chrome.

Во април годинава, Chrome имаше 65% удел на глобалниот пазар на пребарувачи, следен е Safari на “Apple” со 18% удел, објави веб-аналитичката компанија Statcounter.

Microsoft’s Edge имаше три проценти удел, а Internet Explorer беше сведен на мал удел на пазарот на кој некогаш доминираше.

Мајкрософт сега одлучи да стави сè на една „карта“, да го затвори Explorer и да го замени со Edge.

„Апликацијата за десктоп Internet Explorer 11 се повлекува и поддршката ќе биде прекината на 15 јуни 2022 година за одредени верзии на Виндоус 10“, рече компанијата во објавата на блогот.