СДСМ: Додека Сиљановска била министерка, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Додека Сиљановска била министерка, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп

Гордана Сиљановска со фри-шоп на нејзиниот сопруг во време на тразицијата е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„Сиљановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам. Во времето кога била министерка во првата политичка Влада од 1992 година, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп,тогаш еден од најдоходовните бизниси. Ова е класичен чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, и во тоа време наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е ‘симбол на правото и правдата’, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата