Манчестер Сити преку победа на двата меча обезбеди место во финалето на ЛШ, по 2-1 на првиот меч, синоќа славеше со 2-0.

Холандскиот судија Бјорн Кујперс имаше многу работа, на нервозните играчи на ПСЖ им подели четири жолти и еден црвен картон, а играчите на францускиот шампион тврдат дека тој ги пцуел.

„Судијата му рече на Леандро Паредес да се од*ебе.  Ако го кажевме тоа, ќе добиевме три или четири натпревари суспензија”, рече Херера.

Италијанскиот играч за врска Марко Верати тврди дека судијата исто така го опцул и тоа во лице.

“Судијата двапати ми рече дека се е*ам. Ние за вакви зборови ќе добиевме 10 меча суспензија“, изјави Верати, кој додаде:  Даваше лесно картони, поради тоа станавме нервозни. Но, тоа не е негова вина. Сити го заслужи финалето, станува збор за одличен тим“.

sportmedia.mk