Кошаркарите на Барселона се последниот патник на Ф4 турнирот во Евролигата. Во последната вечерашна „мајсторка“, каталонците убедливо го поразија Зенит со 79-53 и го потврдија своето место на завршниот турнир.

Русите иако се покажаа како тврд орев на минатите средби, вечерва беа без шанси во Шпанија. Каталонците од почеток до крај го контролираа мечот и сосема засилужено славеа. Во полуфиналето на Ф4 турнирот Барселона ќе игра против Армани Милано.

sportmedia.mk