Играчот за врска на Баерн (М), Чави Мартинез, и официјално ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Како што потврдија од клубот, двете страни одлучиле да не го обновуваат договорот.

„Многу сум горд и среќен што ми дозволија да бидам дел од семејството Баерн девет години. Би сакал да му се заблагодарам на овој прекрасен клуб и особено на нашите навивачи – вие го направивте Минхен мој дом! Никогаш нема да го заборавам овој клуб, секогаш му давав сè и многу сум задоволен од многуте титули што ги освоивме заедно. Баерн Минхен и нивните навивачи ќе останат во моето срце засекогаш. Благодарам и се гледаме наскоро!“, рече Мартинез, кој е пред враќање во Шпанија.

sportmedia.mk