Поранешниот хрватски репрезентативец, Ведран Чорлука, ќе му се приклучи на стручниот штаб на хрватската репрезентација на Европското првенство 2020. Фудбалерот ќе игра улога на помошник тренер на селекторот Златко Далиќ, потврди претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер.

„Ведран Чорлука имаше извонредна кариера во хрватската репрезентација. Затоа, решивме дека тој ќе биде асистент на Златко Далиќ на претстојното Европско првенство. Ова е наша заедничка одлука заедно со Златко. Многу сум среќен што Чорлука ќе биде во тимот. Сигурен сум дека личност како Ведран ќе ја обедини екипата и ќе им помогне на младите момци“, вели Шукер.

Интересно е што Чорлука се уште игра активно во руската Премиер лига во дресот на Локомотив (М).

sportmedia.mk