Еврокомесарот Оливер Вархеји изрази задоволство за успехот за испорачување на првите вакцини обезбедени од Европската Унија, за што како што подвлече не било лесен процес, но е резултат на напорната работа на Европската Унија, притоа изразувајќи посебна благодарност за ангажирањето на австриската Влада.

„ Со ова покажуваме дека се грижиме за вас, за Северна Македонија и тоа ми е поентата, да подвлечам, дека ние, како Европска Унија се грижиме и сме покрај Западен Балкан, односно Северна Македонија од почетокот на самата пандемија и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, ќе продолжиме и со другиот дел на вакцините“, рече Вархеји, оценувајќи дека ова е почеток и изрази надеж дека процесот на вакцинација ќе биде целосно заокружен.

Тој рече дека речиси 120.000 вакцини целосно финансирани од ЕУ, како подарок се одобрени за Република Северна Македонија и ќе бидат испорачани до крајот на август, со цел што поскоро да се надмине пандемијата.

Вархеји подвлече дека вакцинацијата ќе обезбеди растоварување на здравствениот систем и олеснување на товарот кој го сносат медицинските лица за цело време на здравствената криза.

makfax.com.mk