Во Золошката градина Нехру во Хајдерабад, Индија осум азиски лавови се заразени со коронавирус, соопштија индиските државни власти, додавајќи дека нема докази дека животните можат да го пренесат вирусот на луѓето.

Управата на зоолошката градина во таа јужноиндиска држава ги објави резултатите од анализата откако лавовите покажаа знаци на респираторна болест.

„Врз основа на искуството со животни ширум светот заразени со Ковид 19, нема докази дека тие можат да го пренесат коронавирусот на луѓето“, соопшти локалното Министерство за животна средина и клима.

Зоолошката градината каде што се заразени лавовите сега е затворена.

Индија се соочува со голем број смртни случаи и нови инфекции со коронавирус во последните неколку недели, поради што здравствениот систем е преоптоварен. Вкупниот број на заразени надмина 20 милиони.