Владата на денешната седница донесе одлука со која времетраењето на полицискиот час ќе се скрати.

Од утре, наместо од 21 часот, полицискиот час ќе започнува од 23 часот, додека пак угостителските објекти ќе работат до 22:30 часот.

Ваквата одлука доаѓа откако вчера Кризниот штаб на состанок разгледа предлози пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предложи да се усвојат нови рестриктивни мерки.