Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон денеска беше гостин на Пари Сен Жермен. Како што знаете вечерва во реваншот од полуфиналето на ЛШ ПСЖ му гостува на Сити и ќе надокнадува негатива од 1:2. Сер Алекс пристигна во хотелот каде што беа сместени играчите на ПСЖ кои се изненадија од неговото присуство. Сигурно ова ќе биде дополнителна мотивација за момците на Маурицио Покетино во обид да стигнат до уште едно финале во ЛШ.

sportmedia.mk