Skip to main content
x

4 May 2021 - 20:00
redakcija
Статија

Попладнево некаде околу 18 часот во селото Вељуса се случувала вистинска драма. Имено, по повеќечасовно убедување и преземање мерки полицијата го лиши од слобода Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08: 15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Осомничениот, откако дошла полицијата да го расчисти случајот, се затворил во својот дом и по десет часови Д.Г. е приведен и се наоѓа во Полициската станица во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, го потврди настанот и приведувањето на осомничениот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.

Според информации на МИА од очевидци од селото Вељуса осомничениот е уапсен откако полицијата употребила димни бомби.