Професорката Весна Јаневска прашува за какви корекции станува збор кога министерката Мила Царовска вели дека дигиталните учебници, меѓу другото, се потребни за секоја година во нив да може евтино да се прават корекции?

Мила Царовска вели дека дигиталните учебници, покрај другото се потребни за секоја година во нив да може евтино да се…

Posted by Проф д-р Весна Јаневска on Tuesday, 4 May 2021

„За какви корекции станува збор кога тие ќе ги поминат сите филтри за квалитетен учебник? Ќе коригираат содржини еднаш годишно во математика, физика, хемија? Тешко. Во биологија можно е со оглед на посветеноста на сексуалното воспитување, па веројатно во учебникот ќе додадат: „Направена првата операција за промена на полот во нашата држава“, без да ѝ го спомнат името на државата Македонија.

Значи, останаа географија и историја, а веројатно и македонски јазик. Тука ли министерката планира да ги прави промените, во корист на туѓи интереси? Тешко. Нема да може!

Дајте им на децата печатени учебници, потребни им се“, порача Јаневска.


makfax.com.mk