Поранешниот тренер на Челзи, Тотенхем, Зенит, Порто и Марсеј, Андре Вијас-Боаш ќе дебитира во Рели шампионатот во Португалија што ќе се одржи од 20 до 23 мај. Португалскиот стратег во март доби отказ од Марсеј, па се посвети на тркањето. Тој ќе вози Ситроен Ц3 во WCR3, третата лига на рели шампионатот.

Претходно Вијас-Боаш се испроба и во Дакар рели во 2018 година.

sportmedia.mk