Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто прв се огласи по дефинитивниот ангажман на неговиот клуб на Жозе Мурињо за нов тренер.

По дефинитивното заминување на Пауло Фонсека на крајот од сезоната, Мурињо седнува на негово место.

„Кога ни се пружи ваква прилика, да се доведе Жозе Мурињо не размислувавме ниту еден момент. Веднаш стапивме во контакт и разговаравме со еден од најдобрите тренери на сите времиња“ – рече Пинто, па продолжи.

„Ме импресионираше неговата желба и страст за победа како и страста спрема фудбалската игра. Во кариерата освоил толку многу трофеји, но фасцинантно е тоа што воопшто не го интересира што се случувало во минатото. Секогаш е фокусиран на она што следува, на следниот трофеј. Има знаење искуство, и знае како се води екипата во сите натпреварувања. Свесни сме колку време, енергија, и луѓе на вистинските места за да се создаде спортки успешен проект. Цврсто сме уверени дека Мурињо е тренерот за нас и краткорочно и долгорочно“ – изјави Тиаго Пинто.

 

 

sportmedia.mk