Skip to main content
x

4 May 2021 - 19:00
redakcija
Статија

Поранешниот затворски командир Јордан Антониќ открил досега непозната приказна во јавноста во која изнел тврдења дека пејач извршил злодело – силување, но никогаш не одговарал за тоа.

Антониќ во емисијата „Гол живот“ раскажал дека место пејачот казната ја отслужил Љубомир Магаш, попознат како Љуба Земунац.

„Љуба беше донесен во Централниот затвор. Тогаш чувме дека доаѓа Љуба Земунац заради силување. Но како што зборуваа тогаш, не силувал тој туку Бора Спужиќ – Квака, но Љуба ја презел вината на себе“, рекол Антониќ во емисијата.

Љубомир Магаш, познат како Љуба Земунац, важел за жесток фраер од белградскиот асфалт. За неговиот живот и денес, три децении по неговото убиство, се плетат разни легенди, но се изнесуваат досега непознати факти. На Љуба престојот во затвор не му бил ништо ново, а сега, според овие тврдења, е откриено и зошто по втор пат бил во Централниот затвор.

За оваа тема за која зборувал поранешниот командир на телевизија јавно не се зборувало, но пејачот речиси до последниот ден пеел и снимал песни.

Бора Спужиќ – Квака бил познат југословенски пејач. Објавил повеќе од 20 албуми, и околу 16 сиглови. Учествувал на бројни фестивали, а со музика активно се бавел до 1996 година. Следната, 1997 година, доживеал мозочен удар, по што му се одземала целата десна страна од телото и моќта на говорот. Починал во 2002 година во Пожаревац.