Претседателот Стево Пендаровски се сретна со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и беше изразена желба за понатамошно унапредување на политичките односи и економската и техничка соработка, при што беше нагласен интересот за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.

Претседателот Пендаровски истакна дека високо ја цениме австриската постојана и гласна поддршка за нашата интеграција во Европската Унија оценувајќи дека експертизата од Австрија е од големо значење за Северна Македонија во исполнувањето на стандардите на Европската Унија.

На средбата претседателот упати благодарност за австриската координација при донацијата на вакцините на „Фајзер“, според која нашата држава ќе добие 119.000 дози, од кои 20.000 се испорачани денеска, и нагласи дека со ова Европската комисија уште еднаш ја демонстрира својата солидарност.

Претседателот Пендаровски се заблагодари и за поддршката за време на мигрантската криза и постојаната помош на австриските полицајци во заедничките гранични операции на нашата јужна граница.

makfax.com.mk