Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски беше најзабележителен фудбалер во 7. коло од плеј-офот за титулата во словачката Фортуна лига. Ристовски постигна два гола од пенал во победата на неговиот Спартак против шампионот Слован Братислава со 3:0. Ристовски не само што се најде во тимот на колото, втор пат по ред, туку е прогласен за играч на колото.

Инаку македонскиот офанзивец откако дојде во Спартак во јануари, па до сега има пет гола.

sportmedia.mk