Skip to main content
x

4 May 2021 - 17:40
redakcija
Статија

Рома го именува Жозе Мурињо за нов тренер од идната сезона. Веднаш по објавувањето на клубот се обрати и португалскиот стратег кој притоа потпиша тригодишна соработка со популарната „волчица“. Со тоа Мурињо се враќа во Италија, а претходно работеше во Интер со кого освои тројна круна во 2010 година (ЛШ, Серија А и Купот).

И благодарам на Рома што ме избраа да го водам овој клуб и што ме направија дел од нивната визија. По разговор со сопствениците и Тиаго Пинто, сватив колку се големи амбициите на овој клуб. Сакам во наредните години да изградиме победнички пат. Неверојатната страст на навивачите на Рома ме убедија да ја прифатам работата и едвај чекам да почне наредната сезона. На тренерот Пауло Фонсека (кого ќе го замени на клупата) му посакувам среќа“, порача Мурињо.

Португалецот веднаш најде ангажман по отказот од Тотенхем. Претходно работеше во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Порто.

Интересно, акциите на Рома скокнале за 26% откако Мурињо бил назначен за тренер.

sportmedia.mk