Skip to main content
x

4 May 2021 - 17:30
redakcija
Статија

Манекенката и поранешна сопруга на Марко Јариќ, Адријана Лима е повторно е заљубена, а својот нов дечко го претстави на Инстаграм и предизвика поделени реакции.

По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима не успеа да се пронајде среќа во љубовта.

Според странските медиуми, таа била во врска со турскиот писател Метин, а по него и со бизнисменот Емир Ујар. Сепак, и двете врски траеја кратко.

По неуспешните врски, сега повторно се шушка дека моделот има нов партнер. Озборувањата започнаа кога манекенката објави серија слики од роденденската забава на една пријателка на кои прегрнува млад човек во темносина кошула.

Веднаш откако фотографиите стигнаа до јавноста, следеа бројни коментари, едните мислат тој е вистински фраер, а другите дека можела да најде и подобар.