За еврејските мајки се вели дека се најсакани. Децата ги обожаваат, а како да не ги обожаваат кога имаат ваков систем на воспитување.

Ова се 5те начини на воспитување на еврејските мајки:

  1. „Дете е“.

    На еврејските деца им е дозволено да прават сè: да јадат со валкани раце, да цртаат по масата и мебелот, да допираат ѕидови со валкани раце. За мајките Евреи, нема ништо поважно од нивните деца – сè им е дозволено.

    Израелско семејство е вистински рај за децата: тие можат да си играат со најновата играчка, да расфрлаат хартии наоколу, да викаат со сите сили. Никој не ги прекорува.

    Филозофијата на ова правило е: ако не во детството, кога детето ќе живее слободно и безгрижно?!

  2.  “Секако дека може!”

    Еврејската мајка верува дека е нејзина света должност да му купи на детето сè што сака. Нема шанси таа да му порекне нешто на своето дете. Ако детето сака слатки, мајката е во можност да му купи килограм или дури две! Дури и ако детето е алергично на слатки, дури и ако има кариес, дури и ако има 10 килограми повеќе или пак исти слатки дома.

    Израелците цврсто веруваат дека мајката што одбива да му го купи на своето дете она што ќе го побара, не е достојна да се нарекува мајка.

  3. „Ти си најдобар/а “

    Сите еврејски мајки живеат во апсолутно верување дека нивното дете е најталентирано, најубаво и најдобро. И што е најважно, тие никогаш не забораваат да им го кажат на своите потомци ова неколку пати на ден.

    Веројатно претпоставувате дека самодовербата на овие деца е на самиот врв. А што е со грешките? Па, ако се случат грешки – тоа е нормално, бидејќи децата прават грешки. Ако детето цртало на ѕидот со боја, мама само ќе каже „колку убаво си го направил/а тоа, мил/а мој/а!“

  4.  „Јас можам да го направам тоа сам/а“.

    Можеби ќе се изненадите кога ќе видите тригодишно дете во Израел како се обидува да исече месо со нож. Еврејските мајки ја охрабруваат иницијативата на своите деца, нивната независност. Можеби ова е нормално, бидејќи еврејските мајки имаат само три месеци породилно отсуство. После тоа, детето е испратено во јасли или кај бабата. Но, еврејските мајки никогаш нема да ги брзаат своите деца во одвикнувањето од доење или пелени.

  5.  Смирени се и не обрнуваат внимание

    Во Израел не е прифатливо да се кара дете, а камоли да се казнува. Ако викате на дете, можете да добиете „предупредување“ од случаен минувач или социјалната служба може да „тропне на вашата врата“. Бидејќи, во Израел, тоа се смета за сузбивање на личноста на детето.

    Ако не сакате јавноста да ве осуди, вооружете се со силни нерви!