Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека досега во ЕУ се дадени 150 милиони дози вакцина против Ковид-19.

„Вакцинацијата во Европа се забрзува. Една четвртина од Европејците ја примија првата доза“, објави Фон дер Лајен на својот твитер-профил.

Претседателката на ЕК нагласува дека ЕУ има доволно вакцини со цел во јули да бидат вакцинирани 70 проценти од возрасната популација.


makfax.com.mk