Во трилер – меч во “македонското“ финале во Купот на Унгарија меѓу Кире Ристевски и Висар Муслиу, меѓу Ујпешт и МОЛ Фехервар, победи битолчанецот и го освои, заедно со своите соиграчи, големиот пехар.

Звучи чудно, но така е, ова е првиот пехар во кариерата на Кире Ристевски, токму затоа тој е пресреќен, а за СПОРТМЕДИА не го криеше задоволството после освојувањето на Купот на Унгарија.

Пред се јас сум пресреќен што победивме една добра екипа како МОЛ Фехервар. Тоа беше претешка средба од 120 минути во која сметам дека заслужено победивме и им се одмаздивме за поразите во првенството. Да, ова е мој прв трофеј во кариерата, и затоа сум пресреќен“ вели дефанзивецот на нашата репрезентација.

Ристевски вели дека ова било круна на сезоната за него…

Видете, многу пати бев блиску, но ете, сега дојде тој толку посакуван трофеј, се надевам дека нема да биде последен. Инаку на крај да кажам дека ова е круна на блеската сезона за мене, како со репрезентацијата така и со Ујпешт“ заврши Кире Ристевски.

sportmedia.mk