Skip to main content
x

4 May 2021 - 10:40
redakcija
Статија

Според официјалните податоци на индиското министерство за здравство, бројот на лица заразени со коронавирус во оваа земја надмина дваесет милиони.

Во Индија во последните 24 часа се забележани 357.229 новозаразени лица со Ковид-19.

Вчера во Индија имало 3.449 смртни случаи од Ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата е 222.408 лица.

Земјата со 1,3 милијарди жители е погодена од вториот бран на пандемијата, а од крајот на март досега се евидентирани осум милиони новозаразени.

makfax.com.mk