Одлична вест доаѓа од Шпанија, но и од раководството на Ф1. Имено како што пипуваат тамошните медиуми, на трката на Формула 1 за ГН на Шпанија, која ќе се вози претстојниот викенд на 9 мај на патеката Каталуња, ќе има и гледачи. Ова доаѓа по олабавување на мерките од страна на тамошната власт со оглед на подобрувањето на ситуацијата со Ковид-19.

Бројката на фановите кои ќе можат да бидат покрај патеката е повеќе од симболична, само 1.000 лица, но ова е добра вест зошто означува дека ова е почеток на крајот во битката со коронавирусот.

Со оглед на тоа дека има многу заинтересирани и пријавени, организаторот на трката по пат на ждрепка ќе ги одбере тие 1.000 среќници. Прв и основен услов е да бидат жители на Каталонија.

sportmedia.mk