Во Црна Гора денеска почнува масовна вакцинација против Ковид – 19, а ќе се организира на повеќе од 140 пунктови во сите општини.

Владата соопшти дека досега над 40.000 граѓани ја примиле првата доза на вакцината.

„Ревакцинирани се скоро 24.000 лица, а со доаѓањето на новиот контингент од 200.000 кинески вакцини ‘Синофарм’ се исполнети условите за масовна имунизација“, се вели во соопштението.

Владата ги потсети граѓаните дека почитувањето на мерките се неопходни во периодот помеѓу примањето на првата и втората доза на вакцината, како и петнаесет дена по ревакцинацијата.

makfax.com.mk