Шерон Стоун сподели фотографија на Инстаграм каде позира во костим за капење и доби бројни комплименти од обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Фотографијата на која позира со нејзиното куче ни ја покажува одличната фигура која ја има на нејзини 64 години.

Шерон со објавата ја сподели со своите обожаватели веста дека нејзиното милениче, кучето Џо, е добро откако се врати од ветеринар, па затоа позираше со него на лежалка покрај базенот.

„Шарон, изгледаш спектакуларно“, „Прекрасна си“, „Божица на убавината“, „Мојата омилена актерка“, „Симпатична Шарон“,” Не можете да бидете поубави “,” И двајцата сте преслатки “, се само некои од коментарите што ги доби.

Нејзините обожаватели заклучија дека таа изгледа одлично и скоро исто како и во доцните 70-ти, кога всушност ја започна својата кариера како модел, по што таа исто така ја доби својата прва улога во филмот на Вуди Ален „Stardust Memories“.

Потоа следуваа улогите во филмовите „Основен инстинкт“, „Казино“ и многу други кои и обезбедија статус на Холивудска икона и секс симбол.

Шерон во последно време е зафатена со промовирање на своите нови мемоари „The Beauty of Living Twice“, а се грижи и за своите три посвоени сина, 20-годишниот Роан, 15-годишниот Лаирд и 14-годишниот Квин.