Холивудскиот актер Бен Афлек (48) е снимен како излегува од автомобилот на неговата поранешна девојка Џенифер Лопез (51), а американските медиуми брујат за нивната врска со прашањето дали ќе и дадат нова шанса на љубовта.

Тие беа заедно во текот на 2002 и 2003 година, а поради нивната популарност светските медиуми ги нарекоа „Бенифер“.

Се запознаа додека Џенифер сè уште беше во брак со танчерот Крис Џад, на снимањето на филмот „Гигли “. Тие наводно брзо влегле во врска, па се шушкало дека таа му платила на сопругот голема сума пари за тој да не прави проблеми во бракоразводната парница.

Истата година се верија и закажаа свадба. Сепак, и покрај неговата голема страст Џенифер го напушти поради неговата развратна ергенска забава во стриптиз клуб и фактот дека имал огромни проблеми со коцкањето и алкохолот.

Му го врати прстенот вреден 1,2 милиони долари и не беше тајна дека е целосно скршена и дека сметаше дека ја изгубила љубовта на својот живот.

Фотографиите од папараците од нивната најнова средба направени во четвртокот.  Тие, наводно, биле во пријателски односи во изминатите две децении, иако никогаш порано не биле видени заедно во јавноста.

Медиумите наведуваат и дека тие сè уште се сакаат, дека се во пријателски односи и дека минале многу време заедно минатата недела во Лос Анџелес.