Skip to main content
x

2 May 2021 - 14:30
redakcija
Статија

По неколку месечен престој кај тато Зои и Картер за велигденските празници се дома во Неготино со мама Јова. Пејачката вели дека е пресреќна што децата се вратија дома и дека најубавиот празник ќе го поминат заедно.

-Празниците ќе ги поминеме заедно со моето семејство во Негототино. Ги направивме сите подготовки, заедно ги вапсавме јајцата, купивме украси. На овој Велигден на мојата среќа и нема крај. Зои и Картер неколку месеци беа кај татко им, и неодамна си дојдоа кај мама. Нема поголема љубов од мајчината, вели Јова.

Вели ги научила како треба да го честитаат празникот, но и останатите обичаи.

– Откако дојдоа не престанавме да се гушкаме. Јас се зажелев за ние, тие за мене. На мојата среќа и нема крај. Посакувам  среќа за Велигден не само кај мене туку и кај сите. Нека празниците ни донесат само убавини, вели пејачката.