Skip to main content
x

30 Apr 2021 - 14:20
redakcija
Статија

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешната прес конференција на Даниела Маркоска од СДСМ која  истакна дека владата продолжува со поддршка на домашната економија и преку петтиот пакет економски мерки.

„Во СДСМ имаат розеви очила и продолжуваат со манипулации да ја замајуваат јавноста. Реалната слика со македонската економија е катастрофална и залудни се прес конференциите на СДСМ “, стои во писменото соопштение од оваа партија.

Според нив, граѓаните гледаат дека поради  неспособноста и лошите економски мерки над 6.000 компании згаснале, а над 60 илјади работници останале без работа. Дополнително посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, уште толку граѓани на Македонија не земаат редовни плати.

„Од најавените средства со кои владата се фали, едвај половина завршиле кај граѓаните и кај стопанството, ама затоа кај непродуктивните трошоци, матните тендери и дебелите хонорари реализацијата е потполна. Народот галопирачки осиромашува додека власта се богати. Затоа имаме состојба во која премиерот јаде со златни лажици додека илјадници семејства едвај врзуваат крај со крај во месецот“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

makfax.com.mk