Авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе почне со директни летови на новата меѓународна релација Москва – Скопје. Летовите ќе се вршат неделно, во петок, а времето на патување ќе биде 3 часа 25 минути, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Македонија.

Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра. Летовите од Москва ќе бидат во петок во 14,45 часот, а пристигнување во Скопје во 17,10 часот. Полетувањето од Скопје ќе биде секој петок од 18,10 часот, а пристигнувањето во 22,35.

Оваа руската авиокомпанија во регионот веќе лета и до Белград, Загреб и Дубровник.