Skip to main content
x

28 Apr 2021 - 15:40
redakcija
Статија

Лага е дека Владата не ги поддржа тутунопроизводители и за последната реколта за 2020 година, која, истовремено е и година на економска криза заради пандемијата, а вистина е дека и во овие услови Владата издвои близу 32 милиони евра за да се субвенционира тешката година за тутунопроизводителите, кои во времето на претходната влада изнесуваа едвај 20-тина милиони евра, одговори претседателот на Владата Зоран Заев на пратеничко прашање на седницата во Собранието.

„ Направивме сѐ што требаше да се направи и во ваква тешка година, после три одлични години за тутунопроизводителите кога беа постигнати највисоки цени на откупот. За да ги амортизираме последиците од лошата година, покрај субвенциите што се некаде меѓу 30 и 32 милиони евра и кои навремено се исплаќаат во април секоја година, обезбедивме дополнителни 5 милиони евра за откуп на откупните пунктови и уште дополнителни 100 милиони денари за Тутунскиот комбинат Прилеп за да се откупат сите преостанати количини тутун со низок квалитет“, нагласи премиерот Заев.

makfax.com.mk