Skip to main content
x

28 Apr 2021 - 15:00
redakcija
Статија

ЕВН Македонија и компаниите ќерки Електродистрибуција и ЕВН Електрани ги добија најдобрите награди за ,,Добри практики во областа Безбедност и здравје при работа во 2020 година” а победниците беа избрани од страна на специјална комисија креирана за оваа намена. ЕВН Македонија го освои првото место во Категоријата за услужни дејности. Електродистрибуција исто така го освои првото место во Категоријата за производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и слично во групата за големи претпријатија, а ЕВН Електрани го освои второто место во истата категорија, во групата за мали претпријатија.

Наградени беа практиките на ЕВН за целосна заштита на вработените со ковид мерки прилагодени на процес на работа, систематски преглед во ЕВН простории наместо во болнички, обуки за работа под напон спроведени под посебни услови и протоколи, обука со посебна стандардизирана опрема за работа на висина, примена на нови средства и опреми за стабилизирање на столбови, нов полигон за воведни обуки при секое ново вработување, како и нови работни простории со согласност со стандарди за највисока безбедност и здравје при работа.

Доделувањето се организираше онлајн токму на овој ден во чест на 28ми Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. За време на настанот се обратија директорката на Државниот инспекторат на труд – Јована Тренчевска и други официјални лица од надлежни институции, како и претставници на здруженија и компании. Организатори на настанот се Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА’’– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28ми Април” – Скопје.

Наградите им беа доделени на најдобрите правни субјекти во 2020 година, кои реално и стручно допринеле во сопствениот развој инвестирајќи и имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места.

Компаниите во 2020 година се соочија со голем светски предизвик во однос на заштитата на здравјето на своите вработени. ЕВН Македонија ги презеде сите мерки за заштита и превенција од КОВИД-19 и во целост ги почитува препораките на Владата и засегнатите министерства.

 

 

(ПР текст)

makfax.com.mk