Skip to main content
x

28 Apr 2021 - 13:10
redakcija
Статија

Родителите кои се против дигитализацијата на наставата, пред МОН најавија дека од утре ќе ја бојкотираат наставата.

– Законот за учебници не ги решава актуелните проблеми, генерира нови кои не се во интерес на физичкото и менталното здравје на нашите деца, но ниту во интерес на наставниците и учениците – вели Драгана Спасевска, која ја основаше Фејсбук групата против дигитализацијата и го крена гласот на родителите.

– Наши барања се стопирање на постапката за законот, јавна дебата за законот со учество на стручни лица и родителите конечно да се вклучат во образовните политики – додаде Спасевска, додавајќи оти од утре почнува бојкотот.

– Од утре целосно ќе ја бојкотираме наставата, а ако нашите барања не допрат до МОН ќе преземеме дополнителни активности – заврши Спасевска.