Skip to main content
x

27 Apr 2021 - 13:40
redakcija
Статија

Изјавите на Младен Војичиќ – Тифа на тема дрога, а дадени во едно интервју од пред три години повторно станаа актуелни на социјалните мрежи. Во интервјуто Тифа зборувал за концертите со Дугме, за Брега, но и за дрогата.

– Се*с, дрога, рокенрол… Само што јас најмалку од тоа практикував се*с. И не е точно дека Брега ги тепал музичарите, знаеше некогаш со гитарата да ме тресне по бубрезите и да рече: ’Пеј да ти е*ам мајката’, раскажал Тифа и рекол деа добро е што заминал од Дугме зашто во спротивно денес можеби немало да биде жив.

– Западнав во целата таа машина… Но ним тоа им беше работа, а мене зафрканција, рекол Тифа.

Дрогата вели не е пекол, тој има малку можеби и чудно размислување на оваа тема.

– Каков пекол… Јас тогаш пиев да ми биде добро, земав дрога да ми биде добро. Каков пекол, тоа може само кај будала. Демек зборуваат за опасни комбинации со хероин, а јас го комбинирав со ЛСД. Можев да поднесам. Од ниедна своја постапка не се срамам. Се правам од срце. Знам дека животот е еден и – вози! Се правам спонтано. Само слушај го срцето, патот е потежок, но на крајот се исплати, рекол Тифа.