Skip to main content
x

15 Apr 2021 - 0:40
redakcija
Статија

Инвеститорите кои имаат намера да градат огромни три згради од по 80 и повеќе метри на единствениот празен простор во центарот на Скопје низ кој има струење на воздух – паркингот пред Холидеј ин, се соочуваат со силен отпор од јавноста која бара запирање на ваквите планови и брза акција од Општина Центар и министерството за транспорт против ова залевање на центраот на Скопје со бетонски гродосии несоодветни за културата и екологијата на живеење во Скопје.

Проектот на Мартин Пановски, сопруг на шефицата на Сорос Отворено општество Македониоја инаку е целосен плагијат на ист објект виден како проект Грин Тауер во Грац, Австрија, за што Вечер веќе пишуваше.

Тежок плагијат е од никого посакуваната КУЛА ПРЕД ХОЛИДЕЈ ИН https://vecer.mk/makedonija/tezhok-plagijat-e-od-nikogo-ne-posakuvanata-kula-pred-holidej-in/

Posted by Вечер on Уторак, 13. април 2021.

Откако скопјани, и тоа прилично единствени, без оглед на нивната етничка или политичка припадност, силно се побунија, инвеститорите во недостаток на аргументи платија текстови во кои сами себе се фалат објавени на потрталите под контрола на СДСМ и блиски до Фондацијата Отворено општество Македонија кое го раководи сопругата на проектантот Мартин Пановски.

Во платените текстови инвеститорите ги убедуваат скопјани дека нема да гледаат бетон, туку паркови и зелени површини, небаре проектот е за џунгла а не за бетонски грдосии од по 80 и кусур метри кои, патем, се и грд плагијат на проектантите.

Кон платените текстови следат и монтажи од слики, работени и фотошопирани, на кои може да се стави се само за читателот, скопјанецот, да се доведе во заблуда дека Дубаи го преселиле во Скопје.

Со други зборови, прокетантите се кријат зад платените текстови на партиските портали на СДСМ и, со тоа, одбегнуваат секаква одговорност за напишаното бидејќи, секому е јасно, дека од тие нивни фалења нема ништо.

Утре ќе биде – не го рековме тоа ние, туку така пишуваа порталите. А наскоро следат избори. Судбината на Петре Шилегов, градоиначалникот на Скопје и градоначалникот на Центар во голема мерка зависат од градбата или запирањето градба на овие бетонски грдосии.

Остануваат фактите дека пред Холидеј ин сакаат да градат три бетонски грдосии од по 80-90 метри и да го стават центарот на скопје во сенка, осојница и без воздух кој циркулира низ најзагедениот дел од градот.