Највисока излезност има во Прилеп, најниска во Липково, Боговиње, Желино...

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Највисока излезност има во Прилеп, најниска во Липково, Боговиње, Желино...

Според податоците од Државната изборна комисија, а поставени на интернет страницата , излезноста до 10 часот во обработени 98,6 отсто од гласачките места е 6,26 отсто, односно гласале 111 554 гласачи. Највисока излезност има во Прилеп – 11,01 проценти, потоа во Свети Николе 11, 48 %, Пехчево со 10,22%, Новаци 10,63%, Демир Хисар 10,12%, Македонски Брод со 10, 11 проценти. Најниска излезност има во Липково 0,97%, Боговиње 1,79 %, Долнени со 1, 85%, Желино 1,82 проценти и Пласница 1,58 проценти од запишаните гласачи.

На првата прес-конференција во ДИК беше соопштено дека на две гласачки места се забележани проблеми при отворањето. Едното е во Боговиње каде се доцнело со почетокот на гласањето, а другото во Студеничани каде гласањето денеска нема да се одржи. На останатите гласањето е мирно и без проблеми.

Следната прес конференција на ДИК ќе биде во 13:30 минути, со податоци за гласањето до 13 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата