Карлеуша го возврати Душко, повеќе не го следи!

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карлеуша го возврати Душко, повеќе не го следи!

Јелена Карлеуша му го возврати ударот на својот сопруг Душко Тошиќ и го „отследи“ на Инстаграм, само еден ден откако одекна веста дека тој прв и го сторил истото. Сега меѓу пријателите т.е. профилите кои ги следи пејачката повеќе го нема оној на Душко...

Бројот на луѓе кои ги следи пејачката на Инстаграм од довчерашните 37 се намали на 36, а меѓу нив го нема името на Душко. 

Проблемите во рајот, колку за потсетување, почнаа на стартот на годинава кога во јавноста испливаа голите фотки и преписките кои Јеца ги разменувала со колегата на маж и, фудбалерот Огњен Врашњеш. И после се, по смртта на мајка и кога Душко и ја даде најголемата поддршка и беше до неа сето време, и сите помислија дека се е под контрола и сопружниците успеале да ја надминат кризата дојдоа нови проблеми.

Дали ова значи дефинитивен крај на бракот останува времето да покаже. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата