Селта Виго и Севиља одиграа меч за паметење, конечниот резултат беше 3-4 за гостите кои до победата дојдоа по пресврт и ја продолжија трката за врвот на табелата во Ла Лига.

Кунде донесе водство на Севиља (0-1), но подоцна Аспас израмни на 1-1 со погодок од белата точка, а потоа постигна нов гол за 2-1. Фернандо израмни на 2-2, на две минути пред крајот на првото полувреме, домаќинот го врати водството, стрелец на голот беше Мендез.

Во вториот дел, Ракитиќ во 60. минута и Гомез во 76. минута беа креатори на пресвртот на Сеивља која по 30. коло има 61 бод, шест помалку од лидерот Атлетико Мадрид, четири помалку од Барселона.

sportmedia.mk