Откако излезе во јавноста скандалот за тајните хонорарци на владата кои во 2019 и 2020 години земале нешто над 1 милион евра се отвори прашањето, зошто се тајни, додека државните приходи дури и на граѓаните кои скенираат фискални се јавни.

Од владата најпрво не сакаа да ги објават 58-те хонорарци, повикувајќи се неиздржливи изговори, како што е Греко, но токму според Греко овие лица мора да се знаат. На крајот се одлучи да ги објави, но со неколку денови задоцнувње зошто не знаеме. Исто како што не знаеме зошто објавија 55 од 58.

Еден од лицата кои владата го има ангажирано како хонорарец е информатичарот Дејан Смилевски. Ангажиран е за Компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурирање на информатички системи за потребите на Генералниот секретаријат на Владата.  Неговиот месечен хонорарен приход изнесува 30.000 денари или онолку колку што многу граѓани сонуваат да земаат плата, а не дополнителен приход.

Случајно или не, информатичар по име и презиме Дејан Смилевски од Скопје во февруари минатата година доби 100.000 денари од наградната игра МојДДВ.

Но, дали станува збор за случајност не знаеме. Сепак и претходно излегувале информации дека листа кои важат за блиски до власта добивале награди преку МојДДВ.