Добри вести попладнево пристигаат од Загреб, од Динамо. Имено како што информираат од таборот на “модрите“ повредата на Аријан Адеми, на еден од нашите најдобри фудбалери, не била толку сериозна и дека тој би можел уште в четврток да настапи за Динамо  на реваншот од ¼ финалето во Лигата на Европа против Виљареал.

“Ние сме во трка со времето. Има оток на зглобот откако доби удар на мечот со Локомотива. Правиме максимални напори  тој да  настапи во четврток, се надеваме дека сепак ќе настапи“ информираат од Динамо.

Инаку утринските вести беа страшни. Се прогнозираше тешка повреда и долга пауза, а тоа значеше дека и неговиот настап на ЕУРО за Македонија беше ставен под знак прашалник.

Сепак добро е, последните вести од Загреб се доста охрабрувачки.

sportmedia.mk