Неделава следуваат реванш дуелите од четвртфиналната фаза од Лигата на Шампионите, а тимот на ПСЖ одново се соочува со страшен предизвик наречен Баерн Минхен. Французите бранат предност од 3:2 од првиот дуел но со оглед на тоа против кого играат таа не им гарантира ама баш ништо.

„Баерн е екипа која игра сериозен фудбал и мислам дека нема да го промени својот стил и на овој меч. Ние исто така ќе играме со свои идеји. Фудбалот се игра на терен и со сопствени идеји, ќе видиме кој ќе ги наметне неговите. Ние ќе се обидеме тоа да го направиме. Баерн е најдобриот во Европа и ние мора да го почитуваме тоа. Тоа е тим што има шест шампионски титули и мора да се почитува тоа. Тие се фаворити.  Ние посакуваме и се стремиме кон победа. Тоа би било голем чекор за клубот. Полуфинале за ПСЖ е голема работа“ – изјави Маурисио Покетино, тренерот на ПСЖ. 

 

sportmedia.mk