Кристијано Роналдо на мечот со Џенова не постигна гол. Погоди статива, а очигледна беше неговата лутина по мечот кога фрлајќи го дресот го напушти теренот и влегол во соблекувалната. Роналдо бил лут и во соблекувалната, и удирал по ѕидовите, а не разговарал со никого. Само се истуширал, и заминал од стадионот.

Сето ова е окарактеризирано како незадоволство на Португалецот поради себичноста на своите соиграчи на дуелот со Џенова.

„Ла Газета“ смета дека  со овој потег Роналдо веќе планира да замине од Јувентус по крајот на сезоната.

sportmedia.mk