Нова пратка од 2000 вакцини од Кина пристигнува денеска, најави министерот за здравство Венко Филипче. Според него пратката е веќе пристигната на аеродромот во Софија и е организиран транспортот кон нашата земја.

Станува збор, како што појаси, за пратка од Кина иницирана од почетокот на февруари од страна на нашиот амбасадор во Обединетите Емирати.

Филипче соопшти дека денеска  на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено  да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници да се ограничи висината на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување на ковид пациенти. Ваквиот предлог утре ќе биде поднесен до Владата.