Јувентус го совлада тимот на Џенова, во натпревар во кој Горан Пандев беше стартер, но го напушти теренот 63. минута при 2:1 за тимот од Торино. Јувентус поведе со 2:0 со головите на Кулушевски и на Мората, а Сакамака намали. Потоа Џенова имаше неколку добри шанси за да израмни, но откако не успеа, МекКени постигна трет гол за конечен триумф од 3:1.

Наполи со головите на Руиз и на Осимен го совлада тимот на Сампдорија на гостински терен, а Лацио со голот на Милинковиќ-Савиќ во 92. минута оствари триумф над Верона на гости. За Наполи последните пет минути ги одигра Елмас.

 

sportmedia.mk