Покрај веќе објавените Xiaomi Mi Mix 3 5G и Xiaomi Mi 9 смартфони, кинеската компанија во подготовка има уште два телефона со Snapdragon 855 чипсет, кои ќе бидат претставени оваа година.

Кодните имиња на овие уреди се „davinci” и „raphael”, а се сугерира дека двата претстојни модела ќе имаат pop-up камери. Детали за овие камери се очекуваат, но изгледа дека телефоните ќе имаат автоматизиран механизам кој се активира кога ќе се отвори апликацијата на камерата.

Како резултат на ваквиот дизајн, се очекува телефоните да имаат големи дисплеи, опкружени со минимални рамки од страна и од горе, како и намалена долна рамка. Исто така, се очекува имплементирање на сензор на отпечаток од прст вграден во екранот за двата модела.

Моментно не е познато под кои имиња двата Xiaomi телефона ќе се појават на пазарот, но во оптек се неколку можности. Во игра се Pocophone F2, Xiaomi Mi Mix 3s, Xiaomi Mi Mix 4 или дури и Redmi телефонот со Snapdragon 855 чипсет, за кој веќе некое време се зборува.

 

извор: USB.mk

2

Најчитани вести