(Видео) Терористички напад на шест локации во Шри Ланка, претседателот повика на смиреност

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Терористички напад на шест локации во Шри Ланка, претседателот повика на смиреност

Бројот на загинати во бомбашките напади на шест локации во Шри Ланка се искачи на 137 лица, а над 200 се повредени во неколкуте експлозии во цркви и луксузни хотели во главниот град.

Експлозиите биле пријавени на неколку локации во Коломбо и надвор од градот. Според првините информации, се слушиле шест експлозии, три во католички цркви кои прославувале Велигден и три во хотели со пет ѕвездички, информира полицијата. Експлозиите се случија речиси истовремено. Според Би-би-би межу жртвите има и странци, но се уште нема подетални информации.

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена во обраќањето кон нацијата, повика на смиреност, но и за претпазливост.

,,Ангажирани се сите расположиви безбедносни сили за да дознаеме кој е одговорен за овие напади и да се спречат дополнителни експлозии”, рече тој.

,,Силно ги осудувам кукавичките напади врз нашиот народ. Ги повикувам сите граѓани да останат обединети и моќни во овие трагични моменти. Ве молиме избегнете ширење на непотврдени информации и шпекулации. Владата ги презема сите мерки за да се санира ситуацијата, изјави премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинг.

Една од погодените цркви, црквата Св. Себастијан во Негомб, северно од Коломбо, објави фотографии од опустошувањето на внатрешноста на во црквата на нејзината страница на Фејсбук, каде што се гледа крв на клупите и подот.

,,Ве молам, дојдете во црквата и помогнете ако вашите членови на семејството се тука”, се вели во повикот на црквата.

,,Слушнавме детонации околу 8:45 наутро. Луѓето истрчаа од црквата, викајќи дека другите се мртви. Потоа влеговме во црквата и ги видовме телата на загинатите, по што ги покривме со пластични вреќи. Набргу пристигна и полицијата и ја расчисти целата област, изјави еден очевидец.

За експлозијата никој не ја презеде одговорноста, но во Шри Ланка неодамна се стравуваше од враќањето на припадниците на поразената Исламска држава од боиштата во Сирија.

Националниот центар за трансфузиологија ги повика граѓаните да донираат крв, поради големиот број на повредени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата