Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи и цркви и луксузни хотели во главниот град, соопшти полицијата.

Експлозиите биле пријавени на неколку локации во Коломбо и надвор од него.

Досега, првичните бројки за бројот на жртвите не се совпаѓаат, па така агенцијата Франс прес објави дека 42 лица загинале, Ројтерс соопшти дека најмалку 20 лица се загинати и 280 се повредени, додека според Њујорк тајмс најмалку 48 лица загинале во експлозиите.

Првичните извештаи говорат за шест експлозии, три во католичките цркви кои прославувале Велигден и три во хотели со пет ѕвездички, велат од полицијата.

Експлозиите се случиле речиси истовремено.

Една од погодените цркви, црквата Св. Себастијан во Негомб, северно од Коломбо, објави фотографии од опустошувањето на внатрешноста на во црквата на нејзината страница на Фејсбук, каде што се гледа крв на клупите и подот.

Харша де Дилва, член на парламентот, објави на Твитер дека меѓу жртвите има странци.

Никој не презеде одговорност за експлозијата.

извор: Makfax

37

Најчитани вести