Украина избира меѓу Порошенко и Зеленски

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина избира меѓу Порошенко и Зеленски

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи во Украина, каде што гласачите ќе избираат меѓу актуелниот шеф на државата Петро Порошенко и неговиот противник, Володимир Зеленски, кој според анкетите за јавно мислење има предност.

Во првиот круг на избори, Зеленски освои 30 отсто од гласовите, додека Порошенко освои само 16 отсто од довербата на гласачите.
        
Порошенко, кој според предизборните анкети заостанува многу зад Зеленски, го обвини политичкиот противник за недостиг на политичко искуство кое, како што смета, е неопходно за да ја одржи Украина на нејзиниот прозападен курс и да ја спречи Русија да ја привлече назад ,,во својата орбита”.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата