ИКОНА

Ова е НОВИОТ ЏИП КОМПАС, принц на асфалтот и терените

9.04.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е НОВИОТ ЏИП КОМПАС, принц на асфалтот и терените

Компанијата Стелантис го претстави својот прв нов кросовер во Европа, новиот џип компас. Иако технички е фејслифт, компактниот кросовер е првиот модел на компанијата што нуди второ ниво на полуавтономно возење во Европа и се перчи со визуелни подновувања и однадвор и одвнатре, како и со нови мотори.

Почнувајќи од дизајнот, европскиот модел ги следи линиите на кинескиот кој беше претставен минатата есен. Изгледа речиси идентично, со истите ЛЕД светла, широка долна решетка и голем централен отвор за воздух. Новите детали на задниот дел се подискретни, а во ентериерот се најинтересните новитети.

Најважна е сосема новата инструмент-табла со 10,2-инчен дигитален дисплеј, додека екранот на централната конзола е 8,4-инчен во послабо опремените верзии, а 10,1-инчен во поопремените.

Со редизајнот новиот компас има речиси 4,4 литри дополнителен багажен простор во однос на претходникот.

Понудата на мотори е составена од 1,3-литарски бензински мотор со 130 и 150 коњски сили, и 1,6-литарски дизелаш со 130 коњски сили. Сите тие се нудат само со преден погон, додека плагин хибрид моделите со 190 и 240 коњски сили 4хе имаат погон на сите тркала.

Цените ќе бидат накнадно објавени, но купувачите во Европа ќе можат да бираат меѓу спорт, лонгитјуд, лимитед, С и трејлхок нивоа на опременост.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата